ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Борец со победа над Силекс
Екипата на Борец од Велес запиша победа на домашен терен со 2:0 над кратовски Силекс, во меч од 17. коло Првата лига.
Борец на овој натпревар беа без својот тренер Горазд Михајлов, кој е позитивен на Ковид-19, но, тоа не им беше пречка за да дојдат до сигурна победа. Екипата од Кратово беше со играч помалку од 6. минута, откако Ангелче Тимовски доби црвен картон, а по досудениот пенал одговрноста ја презеде Прелчец кој успешно реализираше. Вториот гол го постигна Ритовски во 13. минута. До крајот на натпреварот мрежите мируваа и на двете страница.
Велешта со 25 бодови се на делба на четвртото место, додека Силекс со три помалку е на шестата позиција.