ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Борец со победа над Кадино на вториот контролен натпревар

Екипата на Борец запиша победа над Кадино во вториот контролен натпревар со резултат од 3:2 над Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес.

Резултатот беше отворен уште во првата минута со гол постигнат од Ивановски за водство на второлигашот Кадино од 0:1. Избраниците на Горазд Михаилов веднаш направи притисок кон голот на противникот и направи комплетен пресврт. Прелчец во 10. минута донесе израмнување, а шест минути подоцна Коцев со гол од огромна далечина донесе водство на Борец од 2:1. Во листата на стрелци се запиша и новото засилување Лука Трајковски во 24. минута со дебитантскиот гол за 3:1.

Во вториот дел избраниците на Никола Илиевски – Џиџи преку Рамиќ намалија на 3:2 со гол постигнат во 53. минута и воедно тоа беше и конечниот резултат.

Во претходниот контролен натпревар Борец во Велес ремизираше со Работнички играјќи 1:1

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!