ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Борец се засили со хрватскиот интернационалец Еди Баша

Велешки Борец продолжува да го засилува својот тим за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Клубот денес го официјализираше трансферот со хрватскиот фудбалер Еди Баша кој е крилен напаѓач, а во својата кариера има настапува во повеќе клубови во шампионатите во Хрватска, Словенија и БиХ.

Од Борец велат дека преговараат со уште еден странец кој би требало да го засили средниот ред и со уште двајца македонси фудбалери и голман. Претходно велешани се засилија со Алехандер Борха и Лука Трајковски.

За утре е закажан стартот на подготвителниот период за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!