ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Борец се засили со Агон Хашими во битката за опстанок во Втора лига!

Второлигашот Борец денес го договори Агон Хашими за ново засилување, со кое ќе се обиде да обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

29-годишниот Хашими во Велес пристинува од третолигашот Камјани, а во својата кариера тетовчанецот има настапувано и за Гостивар, Велазерими, Зајази, Руфеја како и за прволигашот Ренова.

Борец е единствениот второлигаш кој има десет порази од десет натпревари, односно нема позитивен резултат и со тоа е без бодови на дното од табелата.

Веќе викендот Борец ќе гостува во Скопје кај Локомотива и можеби тој натпревар и ќе биде посериозна шанса за велешани да ги запишат првите бодови и со тоа да започнат да се борат посериозни за опстанок.

Инаку, Борец пред недели направи ремонт и во стручниот штаб. Благоја Петров и Димче Тодоровски беа заменети со Никола Аврамовски, кој е нов тренер, додека пак Туш Зефиќ е негов прв помошник.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!