ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Борец се засили и со Александар Мишов

Велешки Борец продолжува со засилувањата за пролетната полусезона, откако го официјализираше трансферот на Александар Мишов од Академија Пандев.
22-годишниот Мишов во својата кариера има настапувано за Тиквеш и прволигашот Академија Пандев од Струмица.
Борец за време на подготовките ќе тренира два пати на ден, а формата ќе ја подига во Струга.