ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Борец остана без тренер, Горазд Михаилов го напушти велешкиот прволигаш

Велешки Борец остана без тренер, откако Горазд Михаилов реши да си замина од прволигашот. Клубот остана без главниот спонзор, откако Кочо Анѓушев се повлече.
Михаилов три години беше на кормилото на Борец, а претходно беше во стручниот штаб на Ѓоко Хаџиевски во Обединетите Арапски Емирати. Најголемиот успех на Михаилов е освојувањето на Купот на Македонија со Тетекс во сезона 2012/2013.
Михаилов е второ заминување од Борец, откако претходно најдобриот фудбалер Никола Прелчец премина во редовите на Работнички и денес го имаше своето деби на контролниот натпревар против Струга Трум Лум во Охрид.