ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Борец не издржа, Шкупи со минимална победа во Велес

Велешки Борец одигра одличен натпревар, но загуби минимално од Шкупи со 0:1 на домашен терен, во натпревар од 19. коло од Првата фудбалска лига.
Стрелец на единствениот гол кој падна во 79. минута беше новото засилување Матеј Цветановски.
Велешани по поразот се седми на табелата со 25 освоени бодови, додека Шкупи со 36 е на второто место на табелата.
Во следното коло Борец ќе има тешко гостување кај Македонија Ѓ.П. додека Шкупи ќе биде домаќин на Академија Пандев.