Борец направи изненадување, скопската пресметка за „лавовите“, три бода за Шкупи во Битола

Велешките Борец направи големо изненадување откако на домашен терен со 2:0 го совлада фаворитот Струга Трим Лум. Резултатот го отвори Крста Ѓорѓевиќ во 64. минута, а со гол од пенал Ѓорѓи Ѓорѓиев во 77. минута ги постави конечните 2:0. Со овој триумф Борец има негатива од само шест бодови во однос на Тиквеш со кого ќе игра веќе следното коло во меч за бараж.
Пелистер одлично му парираше на фаворитот Шкупи но на крај загуби со минимални 0:1. Стрелец на погодокот за гостите од Чаир беше Омар Имери во 65. минута.
Македонија Ѓорче Петров ја доби скопската пресметка со Работнички со минимални 1:0. Стрелец на единствениот погодок кој падна во 11. минута беше Сефер Емини. Ваквиот резултат ја искачи Македонија ЃП на високото второ место, место кое носи во фудбалска Европа.