Борец на поправен испит против Силекс

Екипата на Борец на домашен терен ќе се обиде да се врати на победите против Силекс од Кратово, во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига. Велешани на последните пет натпревар имаат четири порази и една победа, па дуелот со Силекс во Велес ќе биде вистински терен за нив.
Кратовци имаа подобра форма на последните пет натпревар бележат две ремија, две победи и еден пораз и се наоѓаат на четвртото место на табелата.
Нивните меѓусебни прволигашки дуели се изедначени, односно двете екипи имаат по една победа, а една средба завршила без победник. Силекс нема победа во Велес од 2013 година што ќе биде мотив плус за победа на гостите.
Правдата ќе ја дели Ецкоски Марјан од Охрид, а негови помошници ќе бидат Петрески Гоце и Димитријевиќ Дејан од Скопје. За чеврт судија е делегиран Младеновски Дејан исто така од Скопје.