ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Борец лани играше во Прва лига, а сега оди кон испаѓање и во Трета лига! Велешани гневни што клубот е оставен да тоне!

Борец минатата сезона директно испадна од Првата македонска фудбалска лига, откако велешкиот клуб заврши на претпоследното место на табелата. Велешани во текот на летните подготовки за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига тргнаа доста амбициозно, а целта беше експесен кам-бек во елитата со млада екипа предводена од млад српски тренер, кој воедно беше и спортски директор на клубот. Сепак, пред стартот на новата сезона, тој си замина од Велес.

Меѓутоа, Борец е далеку од враќање во Прва лига, но е далеку и од опстанок во Втора лига, ако за брзо време многу работи не се променат.

По шест одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Борец е сè уште без бодови на дното од табелата.

Велешани од натпревар во натпревар нижат катастрофални порази и мрежата е постојано наполнета до врв.

  • Резултати на Борец по шестте одиграни кола во Втора лига:

Прво коло: Борец 1:2 Слога Виница
Второ коло: Беласица 5:0 Борец
Трето коло: Борец 2:4 Тетекс
Четврто коло: Вардар 6:0 Борец
Пето коло: Борец 0:2 Кожуф
Шесто коло: Арсими 9:0 Борец

Дека нешто позитивно ќе се случи со Борец и клубот конечно ќе победи и ќе го фати чекорот кон опстанок во Втората лига е далеку од реално, барем во овој момент.

Конкуренцијата за опстанок во Втора лига ќе биде голема, а конкурентите на Борец веќе собираат бодовна „зимница“ за полесна пролет кога е во прашање опстанокот.

Велешани се гневни што клубот е оставен да тоне, а гневот стана голем откако Борец доживеа дебакл од Арсими со убедливи 9:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!