ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Борец и Саса големо разочарување на стартот од сезоната

По три одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, Борец и Каменица Саса сè уште немаат освоено бодови и се наоѓаат на дното од табелата, односно во зоната за директно испаѓање.

Борец минатата сезона испадна од Прва лига, а годинава како што стојат работите гледа и кон испаѓање во Трета лига – Југ. Резултатите на стартот од новата сезона воопшто не им одат во прилог на велешани. Во 1. коло Борец загуби дома од Слога Виница со 1:2, додека пак во 2. коло во Струмица беше убедливо пораз со 5:0. Ниту во третото коло против Тетекс на домашен терен Борец немаше сили за изненадување и го запиша третиот пораз (2:4).

Веќе в сабота велешани ќе имаат далеку тежок натпревар против Вардар во Скопје, на кој сосема очекувано е дека бодовите ќе останат во Скопје, а Борец би го впишал и четвртиот пораз.

По три одиграни кола Борец има постигнато три погодоци, додека пак има најлоша одбрана која има примено дури 11 погодоци на три првенствени натпревари.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА – ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ 074 241 247

Слична судбина има и Каменица Саса. „Рударите“ минатата сезона до последно се бореа за бараж за Прва лига, а годинава ќе се борат за опстанок во Втора лига.

Саса сезоната ја отвори со пораз од Беса на домашен терен (1:2), потоа следуваше нов пораз од Гостивар (1:0), додека пак во 3. коло се случи вистински „потоп“, откако Саса дома беше поразена убедливо од фаворотит за Прва лига екипата на Воска Спорт (0:4).

Ресторан во Дојран познат по специјалитетот- риба на трска и фантастичниот поглед на Дојранското Езеро

Во следното коло Саса ќе игра дерби во Виница против Слога во меч каде домаќинот ќе биде фаворит за трите бодови. Овие натпревари секогаш биле возбудливи, без разлика на моменталната форма, трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи под предизвикот за победа во соседното дерби.

  • Цела табела од Втора лига:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!