ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Борец го доби дуелот за опстанок со Вардар, „црвено-црните“ во тешка мисија за опстанок!

Борец го доби дуелот за опстанок во ПМФЛ откако со 2:0 славеше над Вардар, со што „црвено-црните“ влегуваат во многу тешката мисија за опстанок во елитата.

Фудбалерите на Борец беа поконкретни и поопасни против вардарци и сосема заслужено ги грабнаа трите бодови. Александар Мишов беше стрелец на првиот гол постигнат во 15. минута за 1:0. Во вториот дел Мурат Адили ги постави конечните 2:0 во 81. минута. Асистент на двата погодоци беше Трајкоски.

Борец сега е седми на табелата со 36 бодови, додека Вардар останува на претпоследното место со 31 бод и се наоѓа во опасната зона за испаѓање во Втора лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!