ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Борче Гогов најново засилување за Каменица Саса

Второлигашот со високи амбиции Каменица Саса вечерва го претстави Борче Гогов како најново засилување за пролетната полусезона од Втората фудбалска лига – Исток.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<

18-годишниот дефанзивен играч во Македонска Каменица доаѓа од редовите на Тиквеш. Гогов има настапувано и за У-17 репрезентацијата на Македонија.

Саса која е трета со еден бод помалку од водечките Слога 1934 Виница и прилепска Победа пролетната полусезона ја отвара на домашен терен против Кожуф од Гевгелија, а целта на второлигашот од Македонска Каменица ќе биде да обезбеди место во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!