ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Борбата за третото место ќе трае до крај: Струга ТЛ ја совлада Шкендија, „лавовите“ до реми со Шкупи

Битката за третото место ќе трае до последната минута откако денес Струга Трим Лум во Гостивар ја совлада Шкендија, додека Македонија Ѓорче Петров одигра нерешено со Шкупи. Еден бод е разликата меѓу овие две екипи кои на последните две кола од сезоната ќе водат тесна трка кој да излезе во Европа.

Македонија Ѓорче Петров на гостувањето кај Шкупи одигра 0:0 и мораше да се задоволи само со бод.

Новиот шампион како домаќин играше во Гостивар каде загуби со 0:2 од Струга Трим Лум. Гостите уште во 3. минута стигнаа до водство со гол постигна од пенал, а успешно реализираше Алтипармаковски. Само шест минути подоцна српскиот интернационалец Босанчиќ ги постави конечните 0:2.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!