„БОМБА“ трансфер во Охрид: Изаир Емини потпиша за Воска Спорт

Новиот второлигаш Воска Спорт од Охрид продолжува со градењето на тимот за историскиот настап во Втората лига – Запад.
Како што најавивме и Спортска Мрежа прва објавува, најново засилување за охридскиот второлигаш е Изаир Емини кој доаѓа од редовите на косовска Дрита.
35-годишниот „бомбарден“ ќе тресе мрежи во Втората лига – Запад за екипата на Воска Спорт која има високи амбиции и гради тим со кој ќе го напаѓа првото место и да направи нов историски успех – пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Емини во својата кариера има настапувано за Шкендија, Ренова, албански Кукси и последно во косовскиот шампион за екипата на Дрита.
Воска Спорт добива многу на квалитет во нападот со Емини, а клубот најавува уште поголеми засилувања за новата сезона во Втората лига – Запад што ги потврдува најавите за високите амбиции на охриѓани.
Претходно, екипата се засили со Ардит Демир, Шпенд Асани и Емир Алиу, а на тренерското столче имаат проверено име – Раде Џеџмиловиќ ќе биде кормилар на екипата во новата сезона.