ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

„Бомба“ од Радовиш: Детонит го „краде“ искусниот Глигор Николов – Решка од Плачковица!

Радовишки Детонит не мирува на трансфер пазарот, клубот во последен миг го договори искусниот Глигор Николов – Решка кој доаѓа од радовишка Плачковица.

32-годишниот Николов со своето искуство ќе му помага на клубот во борбата за влез во Втората лига – Исток. Николов е поранешен играч на Детонит, последните две сезони ги помина во редовите на второлигашот Плачковица од Радовиш, има настапувано и за Осогово и Баби, а најголем дел од кариерата ја помина токму во радовишкиот второлигаш.

Со враќањето на Николов и четирите големи засилувања – Емил Рунчевски, Томи Станоевски, Дарко Јованов и Андреј Ивановски, Детонит станува најсериозен кандидат да се врати во второлигашкото друштво, а доколку Плачковица успее да се избори за опстанок во Втората лига – Исток, тогаш повторно ќе гледаме второлигашко градско дерби во Радовиш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!