Европски ФудбалФудбал
Бомба од Островот: Гвардиола го сака Рамос!

Мадридски „АС“ пренесува дека Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, побарал од управата да го донесе капитенот на Реал, а „ЕСПН“ објави дека „Граѓаните“ ќе тргнат по Рамос веднаш штом ќе стане официјално дека тој нема да го продолжи договорот со „Кралскиот клуб“.
Тоа може да се случи во следните две недели затоа што Рамос и Реал не се во можност да се договорат за продолжување на договорот, кој трае до крајот на јуни.
Сити верува дека 35-годишниот Рамос може да игра на врвно ниво уште две сезони, а тие му нудат и трета година од договорот што би ја поминал во франшизата на Сити за МЛС во Њујорк.