ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

БОМБА од Кавадарци: Пане Блажевски останува на клупата, Тиквеш најавува два мега трансфери

Официјално Пане Блажевски останува на тренерското столче на прволигашот Тиквеш од Кавадарци. Иако градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев имаше најавено дека управниот одбор ќе дискутира за досегашните постигнати резултати на кавадаречкиот клуб, а беше најавено дека ќе се превземат и конкретни чекори во делот на стручниот штаб и играчкиот кадар, сепак како што дознава Спортска Мрежа промени нема да има.

Пане Блажевски ќе продолжи да го води клубот, а што се однесува до играчкиот кадар, Спортска Мрежа дознава дека сите играчи ќе останат во Кавадарци, односно нема да има заминувања, но ќе има две големи засилувања, а имињата ќе бидат познати во следниот период.

По пет одиграни кола во елитата, Тиквеш забележа две ремија и три порази, па со вкупно два освоени бодови кавадарчани се на претпоследното место на табелата.

По репрезентативната пауза Тиквеш на домашен терен го очекува тежок натпревар против Ренова.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!