Европски ФудбалФудбал

„БОМБА“: Халанд постигнал договор со Реал Мадрид!

Ѕвездата на Борусија Дортмунд и репрезентативец на Норвешка, Ерлинг Халанд се договори со Реал Мадрид за транфер ова лето. Според информацијата која ја пренесе италијанскиот новинар Алфредо Педула, Халанд ги договорил лични услови, сега останува уште клубовите да се договорат околу обесштетувањето.

Халанд беше мета на многу европски гиганти, а веста дека тој го засилува „кралскиот клуб“ денес предизвика фудбалски земјотрес, бидејќи Реал беше насочен кон трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ.

Дортмунд бара 175 милиони долари, но доколку не попуштат „милионерите“ и не ги намалат нивните барање, тогаш наредната година Халанд ќе си замине за само 75 милиони евра.

Според медиумите, Реал е подготвен да плати 100 милиони евра за трансферот на ѕвездата од Норвешка.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!