Бојчовски: Нема лесен противник – во недела одиме на победа против Карбинци!

Во недела на Градскиот стадион во Берово, домаќинот Малеш ќе ја пречека екипата на Карбинци, во рамки на 10. коло од Третата лига – Исток. Играчот на Малеш, Илија Бојчовски во изјава за Спортска Мрежа вели дека нема лесен противник, само сплотени и мотивирани можеме да го достигнеме врвот.
„Ќе го дадеме својот максимум во недела, никој противник не го потценуваме, знаеме дека бодовите лесно може да се загубат. Немаме време за опуштање на две кола пред крајот. Верувам во мојот тим и очекувам победа во недела. Нема лесен противник, едноставно сплотени и мотивираме можеме да го достигнеме врвот“, ни изјава Бојчовски.
Мечот во Берово ќе започне со почеток од 13:00 часот и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препорачките за заштита од Ковид-19. Натпреварот ќе може во живо да се следи на Спортска Мрежа.