Европски ФудбалФудбал

Бојан Рогановиќ од Титоград во Чукарички

Младиот фудбалски репрезентативец на Црна Гора, Бојан Рогановиќ е новиот играч на Чукарички, соопшти денеска клубот.

20-годишниот Рогановиќ минатата сезона играше за Титоград, исто така беше член и на Будуќност.

“Дојдов во еден од најдобрите и според првите впечатоци, најорганизираните клубови во Србија. Кога пристигна поканата на Чукарички, не размислував многу, ми беше јасно дека ова е голема шанса за мене, за кариера чекор напред“, рече Рогановиќ.

Како што рече, тој дошол во Чукарички по препорака на тренерот во Титоград, Зоран Говедарица.

“Мојот нов клуб заслужува постојано да биде на врвот на српскиот фудбал, меѓу трите или четирите најдобри екипи, секогаш да играм во квалификациите за европското натпреварување. Знам дека ме чека голема конкуренција, но тоа може да биде само добра работа за мој понатамошен развој“, рече Рогановиќ.

Рогановиќ игра како лев бек, и доаѓа како замена за Димитрије Каменовиќ, кој замина во Лацио.

“Ги поминав сите помлади селекции на Црна Гора. Играв и со тогашната постара генерација во изборот до 21 година и искрено се надевам дека ќе го свртам вниманието кон себе со добрите игри во Чукарички и дека ќе добијам повторно покана од селекторот“, рече тој.

Чукарички ќе игра во квалификациите за Лигата на конференции.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!