ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Бобан Грнчаров е нов член на стручниот штаб на ФК Вардар

Поранешниот капитен на „црвено – црните“, Бобан Грнчаров е нов член на стручниот штаб на ФК Вардар.
Грнчаров како фудбалер на Вардар има преку 100 настапи за првиот тим, а беше член и на генерацијата која што за првпат настапи во групната фаза на Лигата на Европа.
Вардар пролетната полусезона ја стартуваше со реми (0:0) на „Билјанини Извори“ против Охрид со што направи чекор назад кога е во прашање експресниот кам-бек во елитата.
Во следното коло Вардар ќе го пречека тетовски Тетекс во рамки на 20. коло од Втората лига – Запад.