Европски ФудбалФудбал

Блаж Слишковиќ хоспитализиран поради проблеми со срцето

Поранешниот селектор на репрезентацијата на БиХ, тренер на Зрињски, Широки Бријег и Железничар, Блаж Слишковиќ беше хоспитализиран во Универзитетската клиничка болница (СКБ) во Мостар.

Поради проблеми со крвните садови, лекарите од мостарската болница успешно извршиле ендоваскуларна интервенција врз Слишковиќ, пренесуваат босанските медиуми.

“Блаж Слишковиќ беше хоспитализиран во СКБ Мостар поради проблеми со крвните садови. Пациентот беше подложен на ендоваскуларна интервенција, се наоѓа во стабилна состојба и се чувствува добро”, велат од Канцеларијата за односи со јавност на СКБ Мостар.

Слишковиќ моментално е без ангажман, а во пролетниот дел од босанската Премиер лига кратко го водеше сараевскиот Железничар.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!