ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Благоја Спиркоски ново засилување на Гостивар

Второлигашот Гостивар продолжува со квалитетни засилувања за новата сезона, во која целта ќе биде враќање во Првата македонска фудбалска лига.
Ново име кај овој второлигаш е Благоја Спиркоски, играч од средниот ред со прволигашко искуство.
25-годишникот ова лето дојде во редовите на шампионот Шкупи, но потоа одлучи да се пресели во Гостивар.
Минатата сезона настапуваше за Силекс, а претходно играше и за Пелистер, Македонија ЃП, Победа, Еуромилк ГЛ, 11 Октомври, Хоризонт Турново и кичевски Напредок.