ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Благоја Милевски: Се соочуваме со многу проблеми, но додека постојат шанси ќе се бориме за највисок пласман

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција даде објаснување во врска со повиканите фудбалери за натпреварите на најдобрата наша селекција од Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември).

„Не случајно на списокот се наоѓаат 27 фудбалери. Имаме многу проблеми и непланирани работи што се однесува до здравствената состојба и формата на неколкумина фудалери. Не сум задоволен од тоа и од таа причина се повикани толку фудбалери. Исто така, дел од играчите немаат клубови, неколкумина што се вели, пред некој ден најдоа клуб, а за формата да не говорам. Сите мора да ја подогнат формата во која се наоѓаат. Ние дојдовме на едно ниво што можеби е изненадувачки високо не само за нашата јавност, туку и пошироко и на сите сега ни е обврска да останеме на ова ниво, со тенденција да бидеме подобри“

„Овие момци веќе редовно не изненадуваат, посебно кога тимот се соочува со проблеми. Момците секогаш покажуваат дека се во состојба да се стават во функција на тимот. Тие проблеми ни даваат дополнителен мотив и додека постојат шанси ќе дадеме се од себе да се бориме за највисок пласман. Овие мечеви во Лига на нации ги користиме за дооформување на ликот на тимот за тоа како треба да изгледа во иднина“.

„Во оснос на здравствениот билтен, имаме проблеми со Дарко Чурлинов, треба да оди на дополнителни прегледи и потоа ќе ја знаеме состојбата, но јас се надевам дека ништо не е сериозно. Што се однесува до Илија Несторовски, тој е играч кој има многу дадено за Македонија и моментно не заслужува да го повикам само за да игра пет-десет или 15 минути. Несторовски кога ќе биде повикан планирам да го користам со максимална минутажа, а во моментов Милан Ристовски и Бојан Миовски се во предност зашто се во подобра форма“, рече селекторот Милевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!