ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Благој Ристовски нов кондиционен тренер во Слога Виница

Второлигашот Слога од Виница во пролетниот дел од Втората лига – Исток ќе има нов кондиционен тренер. Станува збор за професорот Благој Ристовски кој ќе се погрижи за физичката подготвеност на екипата.
Прозивката е планирана за во сабота (16. јануари) на Градскиот стадион во Виница, а на првиот собир за 2021 година ќе присуствуваат и новите засилувања.
Претходно, Спортска Мрежа разговараше со управата на второлигашот од Виница за остварените резултати во есенскиот дел, за пролетните предизвици, за „костурот“ на екипата и засилувањата.