ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Благој Истатов го засили Осогово

Младиот фудбалер Благој Истатов ја менува Струмица со Кочани и во пролетната полусезона ќе го носи дресот на Осогово, каде ќе бара поголема минутажа. Истатов ретко добиваше шанса во прволигашот Беласица и најчесто во игра влегуваше од клупа.

21-годишниот фудбалер е внук на славниот голман Благој Истатов, во својата кариера има настапувано за струмичка Тиверија, Академија Пандев, Хоризонт Турново, Кожуф, Детонит од Радовиш и Беласица.

Второлигашот Осогово есенскиот дел го заврши на седмото место во Втората лига – Исток со 19 освоени бодови, а пролетната полусезона ја отвара на домашен терен со Каменица Саса.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!