Европски ФудбалФудбал

Бизарна ситуација: Натпреварот против Бенфика го започнаа со двајца голмани, но и со двајца играчи помалку

Вечерва во 21 часот и 30 минути во Португалија започна еден од најбизарните натпревари во последно време, барем кога се во прашање елитните рангови на натпреварувањето во Европа.

Имено, Белененсес вечерва е домаќин на Бенфика во рамките на 12. коло од португалскиот шампионат, а натпреварот го започна со двајца голмани на теренот, но и вкупно двајца играчи помалку од Бенфика.

Проблем за Белененсес е големиот број на заразени фудбалери со корона вирусот, поточно дури 17.

Инаку, домашните фудбалери се појавија во последен момент пред почетокот на натпреварот за кој сите мислиеа дека нема да се одигра. На клупата на Белененсес нема резервни играчи.

Секако, еден од голманите ја игра улогата на играч во поле, додека другиот е меѓу стативите.

Бенфика води со 0:4 по само 30 минути игра…

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!