Европски ФудбалФудбал

Бизарна одлука во Серија А: Зелените дресови забранети од следната сезона

Раководството на Серија А донесе една прилично бизарна одлука, која стапува на сила од сезоната 2022/23.

Одлучија дека оттогаш екипите во Серија А нема да можат да играат натпревари во зелени дресови.

Одлуката им беше објавена на клубовите веќе сега, за да имаат доволно време да се подготват да ја спроведат, а тоа го побараа ТВ-компаниите што ги пренесуваа натпреварите од италијанската лига.

Проблемот наводно е што зелените дресови се спојуваат со теренот и тоа им отежнува гледачите да го следат натпреварот.

„Ние сакаме да го избегнеме фактот дека дресовите и теренот се премногу слични со цел гледачите да уживаат многу повеќе во натпреварите. Исто така, оваа одлука сигурно ќе им помогне на судиите во некои одлуки“, посочија челниците на Серија А.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!