ЕУРО 2020Фудбал

Билд: Бунт во германската репрезентација во пресрет на ЕП, проблем прават ѕвездите на Челси

Германскиот весник „Билд“ пишува дека атмосферата во германската репрезентација пред Европското првенство воопшто не е идеална и дека играчите не го поддржуваат тренерот Јоаким Лев и неговите тактички идеи, како и дека ѕвездите на Челси, Каи Хаверц и Тимо Вернер инсистираат да играат во првиот тим.

Според пишувањето на германскиот весник избувнал бунт во германската репрезентација затоа што на играчите не им се допаѓа одлуката на селекторот Лев да игра со тројца стопери, а фудбалерите инсистираат на игра со четворица играчи во одбраната, што претходно беше победничка формација.

Наводно, сите играчи се против таквата желба и идеја на тренерот, а исто така се наведува дека ова не е единствениот проблем за Лев и дека тој би можел да има проблеми во самиот тим. Имено, откако тој донесе одлука Германија да биде претставена во нападот од Лерој Сане, Серж Гнабри и Томас Мулер, ваквото сценарио не им се допаѓа на ѕвезди на Челзи, Каи Хаверц и Тимо Вернер.

Тие сметаат дека одличната сезона во Челси, со која станаа европски шампиони, заслужиле место во првиот тим, а токму за тоа зборуваше младиот Хаверц, кој наскоро ќе наполни 22 години.

„Амбициозен сум и секако дека сакам да играм од самиот почеток веќе против Франција“, рече Хаверц.

Фудбалерот премина од Баер Леверкузен во Челси во најголемиот трансфер во историјата на Бундеслигата минатото лето за 80 милиони евра, додека Тимо Вернер минатото лето премина од Лајпциг за 50 милиони евра.

Исто така, треба да се каже дека Јоаким Лев по 15 години ќе ја напушти функцијата германски селектор, а Германија ќе игра во групната фаза со актуелниот светски првак, Франција, актуелниот европски шампион, Португалија и Унгарија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!