ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Без победник на дербито меѓу Башкими Љуботен и Башкими, БВК Коњаре го доби Кадино

Денес беа одиграни натпревари од 12. коло од Трета лига – Север. Дербито меѓу Башкими Љуботен и Башкими заврши без победник (1:1). Гостите први дојдоа до водство во 43. минута со голот на Алајдин Алили, а пак во вториот дел Адем Аџами постигна гол за 1:1.

Волково се израдува на бод во дуелот со Маџари Солидарност, кој заврши без победник (1:1). По мирните мрежи во првите 45 минути, во вториот дел гостите преку Милевски го отворија резултатот, а Соколоски ги постави конечните 1:1.

Реми без погодоци на дуелот меѓу Риниа и Аеродром, додека пак БВК Коњаре со голот на Метин Ќерими славеше над ланскиот второлига Кадино (1:0).

Еуромилк ГЛ со головите на Василев и Павловски го доби Илиден на домашен терен со 2:0, а со ист резутат (2:0) славеше и ССК Нова во дуелот со Раштак. За ССК Нова погодија Ангеловски и Становиќ.

Беса Влазрими однесе висока победа од 5:3 над Студена Вода. Херој на домашниот тим беше Мерван Фетаи, кој постигна четири подоци, а еден гол постигна и Ридван Исмаили, додека пак за гостите првиот гол го постигна Бојан Ангеловски, а останатите два беа дело на Никола Стевчевски.

Фортуна со 3:1 го доби дуелот со Петровец на домашен терне. Сеад Јакупи беше двоен стрелец за домашниот тим, а вториот дел беше дело на Фљорим Муртезани, додека пак за гостите погоди Даниел Крстевски во финишот од мечот.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!