Без победник и без погодици на дербито во Струмица, како и во Тетово

Градското дерби во Струмица заврши без победник, откако Беласица и Академија Пандев ремизираа без голови на „Благој Истатов“.
Бодовите поделени, а промени на табелата нема ниту кај двете екипи. Беласица останува на последното место со 13 бодови, додека Академија Пандев останува на претпоследното место со 22 бодови.

Тетовското дерби меѓу Шкендија и Ренова, исто така заврши со нерешен резултат без голови, односно 0:0.
Што се однесува до табелата, двете екипи ги задржуваат позициите на кои што беа и пред натпреварот. Ренова е на десеттото место со 23 бодови, колку што има и Силекс кој влезе во длабока резултатска криза и се наоѓа на деветтото место. Шкендија со 47 бодови е лидер во Првата лига.
Овие беа последни натпревари од вториот круг, од следниот викенд започнува третиот круг од натпреварувањето.
Целата табелата од ПМФЛ погледнете ја ОВДЕ.