Одбојка

Без Филип Маџунков за првите три натпревари во евроквалификациите

И покрај тоа што се чувствуваше подобро и ја мина долгата терапија, Филип Маџунков, сепак, нема да може да настапи во првата половина од квалификациите за Европското првенство 2021. Нашиот среден блокер се уште има проблеми со коленото, па селекторот Никола Матијашевиќ евентуално ќе може да го користи за натпреварите од четврток до сабота, коишто формално се дел од вториот од двата квалификациски турнира во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Техничарот Ефтим Ричлиев и коректорот Стефан Алексов, исто така, го минаа целиот подготвителен период и влегоа во потесниот избор на Матијашевиќ, но за деби во сениорскиот дрес ќе чекаат некоја друга можност.

На конечниот список на селекторот за утрешниот натпревар со Босна и Хрцеговина и за пресметката со Турција в среда, пријавени се 14-мина одбојкари. Единствената дилема е дали Дарко Ангеловски ќе биде примач, како што играше на четирите контроли со Бугарија, или, пак, ќе настапи како либеро што е негова стандардна позиција во долгогодишната репрезентативна кариера. Иван Андонов, кој може да одигра повеќе улоги во тимот, ќе го покрива отсуството на Маџунков на центар, а сите други линии се стандардни. Во споредба со Европското првенство во Словенија во 2019-та, дебитантско за нас, во репрезентацијата е Лука Костиќ на местото на Александар Милков, како и 18-годишниот Филип Савовски кој треба да биде иднина на црвено-жолтиот состав на позиција среден блокер.

Поврзани Наслови

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!