Бесплатно засилување за Каталонците: Уругваецот на крајот од сезоната од Јунајтед сака во Барселона

Британските медиуми денеска пишуваат дека уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани по истекот на договорот со Манчестер Јунајтед сака кариерата да ја продолжи во Барселона.
Веста, конкретно, ја пренесе „Тајмс“, кој тврди дека 34-годишниот Кавани ќе се пресели во Барселона на лето, кога ќе му истече договорот со „ѓаволите“, со што ќе му ја исполни желбата да игра на „Камп Ноу“ на крајот од неговата кариерата.
„Тајмс“ додава дека ќе биде интересно како ќе се развива статусот на Кавани во тимот кога сега го презеде германскиот стручњак Ралф Рангник.
Кавани во последните неколку недели се здоби со повреда на тетивата, па пропушти неколку натпревари за „ѓаволите“. Тој не беше во составот ниту во синоќешното дерби против Арсенал на „Олд Трафорд“, каде славеше неговата екипа, а Мајкл Керик потврди дека Кавани се враќа на тренинзите оваа недела, но дека се уште работи на кондициски подготовки.
Кавани во досегашниот дел од сезоната има постигнато еден гол на осум настапи. Доколку реши да го напушти Јунајтед на крајот на сезоната, ќе направи слободен трансфер во Барселона.