ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Бешикташ негира соработка со Вардар! Дали станува збор за лажна вест !?

Пред неколку дена во јавноста излезе вест дека второлигашот Вардар постигнал соработка со турскиот гигант Бешикташ. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб кој игра во Втората лига – Запад сподели дури и слика на социјалните мрежи со шефот на скаутинг службата на Бешикташ, Бајрам Билим.

Денес, се огласи и турскиот клуб, тврдејќи дека оваа вест е невистинита.

„Веста која се појави за договор за соработка помеѓу нашиот клуб и македонски Вардар не е вистинита. Најљубезно ги молиме нашите навивачи да не обрнуваат внимание на вакви вести, туку на нашите информации достапни за јавноста“, преку соопштение се огласи турскиот клуб Бешикташ.

Откако турскиот шампион излезе со вакво соопштение во јавноста, Вардар нема објавено детални информации.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!