Европски ФудбалФудбал

Бешикташ блиску до договор со Манџукиќ и Тешеира

Титулата се врати во црно-белиот дел на Истанбул, а исто така и Лигата на шампионите. Финансиските проблеми на Бешикташ не се мали, но на „Паркот Водафон“ не се откажуваат од идејата да направат квалитетен тим достоен за место меѓу најдобрите со цел да се врати Бешикташ во европската фудбалска елита.

Медиумите од Босфорот лансираа две бомбастични вести – Серген Јалчин се надева на потписите на Марио Манџукиќ и Алекс Тешеира.

Практично веднаш по завршувањето на сезоната, Милан се раздели со Манџукиќ по само шест месеци, што веднаш го вклучи алармот кај Бешикташ. Манџукиќ беше на мета на новиот шампион на Турција пред шест месеци, само тогаш хрватскиот напаѓач не беше расположен да го облече црно-белиот дрес, но наводно сега околностите се променија, иако тој повторно има понуди од Арапскиот полуостров.

Секако, играњето во Лигата на шампионите е еден од клучните фактори за Манџукиќ, а потребата за нов голгетер кај турскиот гигант сега е уште поголема. Според одредени информации кои ги објавија турските медиуми, Манџукиќ во неформални разговори потврдил дека е заинтересиран за трансфер во Турција, но сега останува да видиме дали првиот човек на клубот Ахмет Нур ќе успее да обезбеди пари за неговите услови.

Паралелно, покрај хрватскиот интернационалец, Бешикташ работи на трансфер и со Алекс Тешеира. Овој фудбалер помина пет години во Кина по заминување од Шахтјор.

Бешикташ може да биде опасна мина за богатите и големи европски клубови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!