Европски ФудбалФудбал

Беше еден од најдобрите на ЕП, сега се сели на Островот ? Интер доби „ненормална“ понуда која не се одбива!

Италијанскиот репрезентативец Николо Барела одигра одлично Европско првенство, и се искачи на тронот со Италија. Одличниот играч за врска беше незаменлив член на „аѕурите“, кој во финалето ја совлада Англија по пенал-драмата.

„Тутомеркатовеб“ пишува дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед сега се подготвени да му платат на Интер 70 милиони евра за да го донесат во своите редови.

24-годишниот Барела навистина одигра одлично во средниот ред на Италија, а играчот на Интер е исто така многу важен. Италијанскиот шампион го вратија од Каљари во 2019 година за 44,5 милиони евра, а минатата сезона со Интер стана шампион на Италија.

Интересно е тоа што „црвените“ и „црвените ѓаволи“ и претходно биле заинтересирани за Барела, но тој сепак решил да остане во Италија.

Барела е исклучително важен играч на Интер, но шампионот е во големи финансиски проблеми и не би било изненадувачки да го продадат ова лето.

За потсетување, Интер веќе беше принуден да го продаде одличниот Ашраф Хакими на ПСЖ ова лето.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!