ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Бесарт Ибраими си замина од Шкендија, кариерата ќе ја продолжи во Ксанти

Најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига, Бесарт Ибраими заминува од Шкендија по шест години.

Ибраими својата кариера ќе ја продолжи во грчки Ксанти. Шкендија на својот веб-сајт му се заблагодари на 34-годишниот голгетер.

„Најдобриот напаѓач на Шкендија на сите времиња, најдобриот стрелец во тимот, Бесарт Ибраими заминува. Клубот и Бесарт спогодбено го раскинаа договорот. Ти благодариме за сè што направи за клубот, за сите добри моменти и сите придонеси за Шкендија. Ти посакуваме успех во фудбалската кариера“, нашишаа од тетовскиот клубот.

Бесарт во дресот на Шкендија посигна 147 погодоци, со што тој е најдобар клупски стрелец, но и најдобар стрелец во Првата лига, откако пред две сезони го помина Баже Илијоски кој беше најдобар голгетер во македонската елита.

Шкендија новата сезона не ја отвори според очекувањата, па по пет одиграни кола има шест бодови и се наоѓа на осмото место на табелата. По завршувањето на репрезентативната пауза, Шкендија во Тетово ќе игра дерби против директниот конкурент за титулата, екипата на Шкупи.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!