Беса знае како против големите фаворити, ќе знае ли и против непоразениот лидер Воска Спорт на „Билјанини Извор“ ?

Беса од Добри Дол одлично ја започна новата сезона од единствената Втората македонска фудбалска лига. Екипата која втора година по ред е во второлигашкото друштво игра одлично и нижи позитивини резултати.
Беса сезоната ја отвори со триумф во Македонска Каменица од 1:2 над Каменица Саса, а потоа следуваше „нула“ против фаворитот Пелистер и тоа во Битола, како и 1:1 против фаворитот Гостивар на гостински терен.
Беса успеа да извлече два многу важни и големи бодови токму од два главни фаворити за влез во Прва лига.
Lounge бар „Connect“ – срцето на Охрид, место за највкусно кафе
Денес на „Билјанини Извори“ во Охрид, Беса ќе се соочи со непоразениот лидер Воска Спорт. Според формата, домашниот терен и домашните навивачи Воска ќе биде фаворит за трите бодови.
Охриѓани одлично тргнаа и од коло во коло нижеа поголеми и поголеми победи. Со 0:2 славеа над Караорман во 1. коло, а потоа со 3:0 на домашен терен ја „потопија“ Локомотива Пехчево, додека пак во последното коло на гостински терен ја „збришаа“ Саса со високи 0:4.

Но, од друга страна, Беса и дефинитивно знае како да игра против големи фаворити, па останува да видеме дали ќе знае и денес против Воска Спорт и дали ќе успеа да го запре непоразениот лидер.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ, КОНТАКТ: 074 241 247
22-годишниот играч на Воска Спорт, Арлинд Алити вели дека Воска Спорт има сила, додава дека се мотивирани од секој аспект за бодовите да останат во Охрид.
„Цела недела се подготвуваме за овој натпревар, бидејќи знаеме со каков тим се соочуваме. Тие имаат неколку по ред позитивни резултати, но ние сме максимално подготвени за натпреварот кој не очекува денес против екипата на Беса од Добри Дол. Имаме сила и мотивирани сме од секој аспект за бодовите да ги задржиме во Охрид и да ја продолжиме позитивната серија мечеви без пораз, која денес може да ја однесеме до 4 натпревари“, вели Алити пред денешниот натпревар против Беса од Добри Дол.
Натпреварот ќе започне во 16:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија.