ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Беса Влазрими со победа над Башкими стана есенски шампион, Фортуна го распука Раштак

Викендот се одигра 9. коло од Третата лига – Север со што беше заокружен есенскиот дел од сезоната.

Фортуна ја запиша најубедливата победа на колото, откако на гостински терен со 1:5 го прегази Раштак. Резултатот беше отворен во 5. минута преку пенал, одговорноста ја презеде Стојановски и успешно реализираше со што Раштак дојде до водство од 1:0. Бучи не дозволи радоста на домаќините да трае повеќе од 60 секунди и ја стресе мрежата на Раштак за 1:1. Одличната игра на гостите продолжи и во 13. минута младиот Шаип погоди за 1:2 и водство на Фортуна. Во вториот дел од мечот Фортуна беше далеку подобар противник. Во 56. минута преку Шерифи водство се зголеми на 1:3, а две минути подоцна Авдули погоди за 1:4. Пред крајот на мечот младиот Шаип погоди за конечните 1:5.

Студена Вода со 2:0 го доби дербито со екипата на Маџари Солидарност. Домаќините беа подобар противник и уште во првиот дел ја обезбедија победата, благодарение на расположениот млад играч Дамјан Николовски, кој стрелаше во 33. и 45. минута.

Беса Влазрими славеше над Башкими на гостински терен со 2:3. Резултатот беше отворен во 18. минута преку Мерван Фетаи кој погоди за гостите. Башкими одигра одлично во следните минути и креираше шанси за во 34. минута да израмни на 1:1 преку Мерван Мурати. Радоста на домаќините треаеше само три минути, бидејќи Мерван Фетаи погоди повторно за 1:2. Во вториот дел Беса Влазрими играше одлично и дојде до водство од 1:3 во 55. минута преку младиот Куштрим Демири. Башкими се обидуваше до крајот на натпреварот да дојде до поволен резултатот, но успеа да постигне само еден гол за конечните 2:3, а стрелец беше Митат Зулфији.

Петровец обезбеди победа на домашен терен од 2:0 над Волково. Мартин Дувњак погоди во 9. минута за 1:0, додека Дарко Виранов во 30. минута за конечните 2:0.

Аеродром продолжи со резултатската криза и на домашен терен загуби од расположената екипа на Њу Старс.

Локомотива Бентоекспорт немаше сили за победа над Риниа, па мораше да се задоволи со бод, откако ремизираше на гостински терен играјќи 2:2.

Вчера се одиграа два натпревари. ССК Нова дојде до победа од 2:1 над Речица, додека Њу Јорк со 3:1 беше подобар од Илинден.

Есенски шампион во Третата лига – Север е екипата на Беса Влазрими со 24 бодови, додека два помалку има Студена Вода која е втора на табелата. На дното од табелата со по 3 освоени бодови се екипите на Речица и Волково.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!