ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Беса Влазрими против Петровец, Њу Јорк на дерби со Студена Вода

Утре се играат натпреварите од 12. коло од Третата лига – Север.

Дербито на колото се игра во Бутел меѓу екипи на Њу Јорк и Студена Вода. Домаќинот со 19 освоени бодови е на шесттото место на табелата, додека гостинот има 25 бодови и се наоѓа на високото трето место на табелата. Трите бодови се важни и за двете екипи кој атакуваат на првото место.

Лидерот Беса Влазрими утре на домашен терен ја чека расположената екипа на Петровец. Домаќинот според формата, квалитетот и домашниот терен ќе биде фаворит за победа и три бодови, но „незгодниот“ Петровец доаѓа за изненадување.

Волкото на домашен терен ќе има тешка задача против големиот фаворит Фортуна. Домаќинот игра лоша сезона и се наоѓа на претпоследното место на табелата со само четири бодови, додека Фортуна со 27 бодови е на второто место и е силно мотивирана за утрешниот натпревар за победа и три бодови, бидејќи атакува на прво место и влез во Втората лига – Запад.

„Фенерџијата“ Речица на домашен терен ќе игра против Раштак. Победата и трите бодови за домаќинот ќе значат многу во борбата за опстанок, но гостинот има квалитет кој го прави фаворит за трите бодови.

Маџари Солидарност утре на домашен терен ја чека екипата на Аеродром, дуел во кој домаќинот влегува како фаворит.

Риниа на домашен терен ќе игра големо дерби против расположениот Башкими. Дуелот ќе биде неизвесен со голема борба за трите бодови.

Илиден на домашен терен ќе игра против фаворитот Њу Старс, кој исто така води борба за првото место на табелата.

ССК Нова утре ќе биде слободна, бидејќи требаше да се соочи со Локомотива Бентоекспорт, екипа која е дисквалификувана од натпреварување.

Табелата од Третата лига – Север можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сите натпревари стартуваат во 13:00 часот, освен мечот во Волково кој ќе започне во 11:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!