ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Беса Влазрими: Ќе продолжиме во ист ритам и во пролетниот дел, екипата останува иста, надополнета со Османи!

Беса Влазрими е есенски шампион во Третата лига – Север со 24 освоени бодови со два повеќе од второпласираната Студена Вода. Во изјава за Спортска Мрежа од клубот велат дека и во пролетниот дел ќе продолжат во ист ритам и додаваат дека екипата барем засега останува иста.

„Ние ќе се потрудиме и во пролетниот дел да продолжиме во ист ритам. Мислиме дека досегашните играчи ќе останат и за пролетниот дел на сезоната, освен ако дојде некоја интересна понуда од некоја екипа од повисок ранг за некој играч“, изјавија од клубот.

Од Беса Влазрими додаваат дека најпрво очекуваат да се вратат повредените играчи во екипата која ќе биде надополнета со Егзон Османи кој беше дел од Братство Влазними.

„Очекуваме во пролетниот дел најпрво да ни се вратат повредените играчи, исто така право за настап ќе има и играчот од средниот ред Егзон Османи, кој беше дел од екипата на Братство Влазними од Коњари“, додаваат од Беса Влазрими.

Клубот подготовките очекува да ги започне на почеток од февруари.

„Подготовките очекуваме да ги започнеме почеток на февруари во завиност како ќе бидат условите за започнување на пролетниот дел на сезоната“, велат од Беса Влазрими за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!