ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Беса Влазрими го прегази Петровец, Њу Јорк подобар од Студена Вода, Фортуна со „петарда“ за Волково

Лидерот Беса Влазрими со убедлива победа од 7:2 го прегази Петровец во натпревар од 12. коло од Третата лига – Север. Петровец прв дојде до рано водство во 2. минута со гол на младиот Калач Халил. Лидерот во 18. минута со гол на Шабани Локман израмни на 1:1. Пет минути подоцна Бајрами Амир донесе водство за Беса Влазрими од 2:1. Пред крајот на првиот дел Божинов Александар постигна гол за израмнување од 2:2. Во вториот дел домаќинот дојде до брзо водство од 3:2 со нов гол на Бајрами Амир, а шест минути подоцна Ајдини Арбурим со гол од пенал зголеми на 4:2. Беса Влазрими преку Бајрам Шуајб со два брзи гола во 80. и 82. минута зголеми на 6:2. Три минути пред крајот на натпреварот Демири Орхан ги постави конечните 7:2.

Изненадување на колото е победата на Илиден од 2:1 над фаворитот Њу Старс. Домаќинот резултатот го отвори во 39. минута со гол на Арсовски Дарко. Во вториот дел Митровиќ Марио зголеми на 2:0. Во 52. минута младиот Димитриевски Михаил ги постави конечните 2:1.

Фортуна немаше милост кон Волково и со 0:5 го прегази на гостински терен. Во 5. минута со гол на Шаип Еркан го отвори резултат со 0:1. Фета Бехар со два гола во 9. и 21. минута донесе водство од 0:3. Во вториот дел, повотрно Шаип Еркан стрелаше за 0:4 во 60. минута, а пет минути подоцна Мехмеди Мехмед погоди за конечни 0:5.

„Фенерџијата“ Речица до бод, откако ремизираше со Раштак играјќи 2:2. Резултатот го отвори домаќинот со гол на Станоевски Александар во 16. минута. Во вториот дел Раштак веднаш израмни на 1:1 со гол на Стојановски Бобан. Во 55. минута повторно Стојановски ја погоди противничката мрежа за водство на Раштак од 1:2. Во 70. минута „џокерот“ Антовски Виктор донесе израмнување и ги постави конечните 2:2.

Њу Јорк го доби големото дерби со Студена Вода, а стрелец на единствениот гол беше Хамити Омер кој погоди во 6. минута од натпреварот.

Риниа до голема победа во дуелот со Башкими со резултат од 2:1. Гостинот прв дојде до водство во 16. минута со гол на Ќаили Ељмедин. Во 18. минута Љатифи Амет донесе израмнување на 1:1. Во вториот дел Риниа дојде до ново водство во 62. минута со гол на Хајрули Еркан, кој ги постави конечните 2:1.

Маџари Солидарност се намачи, но го доби натпреварот со Аеродром кој заврши со 3:2. Домаќинот дојде прв до водство во 30. минута со гол на Спировски Мартин. Седум минути подоцна Јашари Шефкет донесе израмнување на 1:1. Во самиот финиш на првиот дел Јовановски Давор донесе ново водство за домаќинот од 2:1. Во вториот дел Маџари Солидарност зголеми на 3:1 со гол на Рајатоски Марио, а во судиското надополнување, односно во 93. минута Браимовиќ Аган ги постави конечните 3:2.

ССК Нова требаше да игра со Локомотива Бентоескпорт, екипа која е исфрлена од натпреварувањето, па екипата на ССК Нова си добива службени три бодови.

Лидер на табелата е Беса Влазрими со 30 бодови, а три помалку има Фортуна која е втора. На третото место е Студена Вода која има 25 бодови. На дното од табелата е Волково со четири бодови, колку што има и Речица која сега е претпоследна на табелата.

Целата табела од Третата лига – Север можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!