Беса Влазрими го доби дербито со Студена Вода, Фортуна и Њу Јорк со убедливи победи во Трета лига – Север

Денес се одигра 10. коло од Третата лига – Север со што беше отворена пролетната полусезона.
Големо дерби меѓу лидерот Беса Влазрими и Студена Вода заврши со минимална победа за домаќините, а стрелец на единствениот гол е Османи Егзон постигнат во 78. минута.
Фортуна се „распука“ и стартуваше со убедлива победа над Илинден од 1:4. Резултатот го отворија гостите со гол на Фета Бехар во 32. минута. На стартот од вториот дел Фортуна преку вториот гол на Фета Бехар зголеми на 0:2. Во 50. минута Османовски Ергин постигна гол за 0:3, а Мехмеди Мехмед во 81. минута за 0:4. Цаневски Јованчо ги постави конечните 1:4.
Волково со реми и голем бод на дуелот со Аеродром ја стартуваше пролетната полусезона. Резултатот го отворија гостите во 31. минута со гол од пенал, а успешен реализиратор беше Киприновски Петар. Во 38. минута преку Јашари Шефкет резултат беше зголем на 0:2. Во вториот дел Волково започна со подобра игра и во 55. минута преку Спировски Петар израмни на 1:2, а пред самиот крај Боневски Даниел постигна гол вреден бод.

Петровец денес запиша убедлива победа од 0:4 над Речица. Одлична игра и најава за висок пласман во пролетната полусезона. Петровец резултат го отвори во 43. минута преку Шкријељ Амар, а во 45. минута Лазев Мартин зголеми на 0:2. Речица немаше сили, а Петровец продолжи со убеливата игра и во второто полувреме. Лекиќ Ерсин постигна гол за 0:3 во 75. минута, а десет минути подоцна Божиков Александар ги постави конечните 0:4.
Маџари Солидарност со убедлива победа од 0:3 над ССК Нова ја оправда фаворитската улога. Резултатот беше отворен рано, во 4. минута преку Апостоловски Кристијан. Во 16. минута младиот Андрески Никола зголеми на 2:0, а во 38. минута Ѓорѓиевски Александар ги постави конечните 0:3.
Њу Јорк дојде до голема победа над Риниа во дерби меч со 7 гола. Во првото полувреме домаќините имаа водство од високи 4:0. Резултатот беше отворен во 4. минута преку Фетаи Еркан, а во 22. минута Бакиевски Гезим зголеми на 2:0. Одличната игра продолжи и Њу Јорк преку двата гола на Мура Енис зголеми на 4:0. Во вториот дел Риниа намали на 4:2 со два погодоци постигнати од пенали. Првиот беше досуден во 47. минута, а успешен реализатор беше Хајрули Еркан. Вториот пенал беше досуден во 65. минута, а реализатор беше повторно Хајрули Еркан. Конечните 5:2 ги постави Авдулаи Бејтула.
Њу Старс запиша убедлива победа од 3:0 над Раштак. Двата погодици паднаа во првиот дел на натпреварот. Таири Леутрим го постигна првиот гол во 29. минута, а во 44. минута Димитриевски Димитриј зголеми на 2:0. Во вториот дел Њу Старс во 72. минута со вториот гол на Леутрим ја потврди големата победа.
Локомотива Бентоекспорт од непознати причини не се појави на теренот, со што Башкими и официјално го доби натпреварот со службени 0:3.
Лидер на табелата останува Беса Влазрими со 27 бодови, додека второпласираната Фортуна има 24 бодови. На третото место е Студена Вода со 22 бодови. „Фенерџијата“ Речица има само 3 бодови, Волково со четири бодови е на претпоследното место, а место погоре е Илинден со 5 бодови.
Целата табела од Третата лига – Север, можете да ја погледнете ОВДЕ.