ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беса утре ги стартува подготовките со нов тренер, продолжена соработката со седуммина, разделба со дури 14 играчи

Второлигашот Беса од Добри Дол утре ги започнува подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига под водство на новиот тренер Амир Велиу.

Беса изврши комплетен ремонт и во стручниот штаб, кој е предводен од Амир Велиу, а ќе му помагаат Афет Ибраими, Трајче Богданоски, Енвер Рамадани и Неим Пајазити.

Седум играчи ја продолжија соработката со Беса и за следната сезона, па така, денес беше продолжена соработката со Џемаил Естани, Хакан Лимани, Берат Исмаили, Мухамед Бекир, Енес Шабанин, Алмир Ракипи и Малиќ Белули.

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

Беса ја прекина соработката со дури 14 играчи: Флорент Осман, Лутфи Биљали, Мурат Адили, Ванон Незири, Аљбин Рамадани, Иљаз Чиљафини, Седат Беришен, Димитар Иванов, Благојче Иванов, Арлинд Али, Алмир Реџепин, Рихан Зеќири, Муас Демири и Јусуф Аљиу.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!