ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Беса славеше над Фортуна во баражот со ДЕВЕТ гола и си обезбеди место во ВМФЛ – Запад

Денес се одигра вториот бараж за влез во Втората лига – Запад, а дуелот го доби екипата на Беса, откако славеше со 3:6 над Фортуна. Во Втора лига – Запад следната сезона покрај Беса патува и охридска Воска која со 4:2 славеше над Фортуна во првиот бараж дуел. Двете екипи следната сезона ќе се натпреваруваат против поранешните прволигаши Вардар и Силекс.

Резултатот беше отворен во 10. минута од мечот кога Џемиљ Јахији ја стресе мрежата на Абази за водство на Фортуна. По пет минути игра Фљорим Муртезани ја дуплираше предноста за шампионот на Третата лига – Север. Во 39. минута Башким Љама намали на 2:1 на полувреме.

На стартот од второто полувреме Абази капитулираше по трет пат, откако Џезаир Авдули донесе водство од 3:1 за неговата екипа. Беса на крилата на Егзон Азири се врати во игра, откако најпрво во 60. минута Азири намали на 3:2, а по три минути игра израмни на 3:3. Во 73. минута Мемет Идризи постигна гол за прво водство на Беса. Башким Љама ги реши сите дилеми, откако најпрво во 86. минута погоди за водство од 3:5, а четири минути подоцна ги постави конечните 3:6.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!