ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беса се засили со Флорент Османи

Второлигаш Беса од Добри Дол ангажираше квалитетно засилување за пролетниот дел од сезоната. Нападот е засилен со Флорент Османи кој доаѓа од редовите на прволигашот Струга Трим Лум.

33-годишникот треба да биде големо засилување за Беса, која има за цел да обезбеди сигурен опстанок во Втората лига –  Запад.

Османи покрај за Струга Трим Лум има настапувано и за Гостивар, Велазерими, Еуромилк ГЛ, Шкупи, косовска Лирија, како и во Турција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!