ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Беса остана без тренер, Амир Вељиу си поднесе оставка по поразот во Радовиш

Беса од Добри Дол денес го впиша својот трети последователен пораз, откако во Радовиш беше поразена со високи 3:0 од Детонит Плачковица во меч од 12. коло од Втора лига.

По поразот тренерот на Беса, Амир Вељиу си поднесе оставка поради слаби резултати, а истата беше прифатена од страна на клубот.

„Почитувани љубители на спортот, чест ни е да ве известиме дека шефот на стручниот штаб на нашиот клуб проф. Амир Вељиу веднаш по поразот на денешниот натпревар поднесе оставка поради негативни резултати. Нема што да додеме освен проф. Амир Вељиу да ви посакуваме здравје и успех во животот. За повеќе информации ќе бидете известени во наредните денови“, се вели во клупското соопштение.

44-годишниот стратег ја превзема Беса летото и ја водеше во Втората македонска фудбалска лига на 12 натпревари, при што постигна скор од четири победи, две ремија и шест порази, доволни за 14 бодови и делба на деветтата позиција на табелата, заедно со Кожуф од Гевгелија, кој денес славеше над Слога од Виница.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!