Беса на дерби со Кораби, Силекс домаќин на Охрид, Воска Спорт на Велешта

Денес се играат петте натпревари од 21. коло на Втората фудбалска лига – Запад.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
На теренот во Врапчиште ќе гледаме неизвесно дерби за трите бодови – Беса против Кораби во борба за сигурен опстанок. Трите бодови се повеќе од потребни и за двете екипи, а Беса ќе има блага фаворитска предност во однос на гостинот од Дебар. Триумф за Беса ќе значи и значителен исчекор кон опстанокот, додека пак во случај на триумф за гостите тогаш би можеле да се пробијат кон шестото место на табелата.
Можеби најинтересниот дуел ќе биде во Кратово каде Силекс ќе го пречека составот на Охрид. Интересен дуел затоа што и двете екипи немаат право на грешка, трите бодови се повеќе од потребни и за едни и за другите. Силекс мора да триумфира, бидејќи во случај на кикс во финишот од сезоната ќе влезе во голема неизвесност бидејќи конкуретот Воска Спорт „диши во врат“. Ниту охриѓани имаат право на грешка, доколку денес го освојат целиот „плен“ во Кратово уште денес може да ја напуштат зоната за директно испаѓање во Трета лига – Југозапад.
Воска Спорт денес на „Билјанини Извори“ ќе ја пречека екипата на Велешта, во меч каде охриѓани ќе влезат како фаворити за 15-ти сезонски триумф и нови три бодови. Момците на Цицмиловиќ играат во фантастична форма и тоа ги носи на сигурен пат кон Прва лига. За Велешта се освен пораз би било позитивен исход од денешното тешко гостување.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Вардар денес ќе има лесна задача против „фенерџијата“ Кадино на домашен терен. Се освен триумф за најтрофејниот македонскиот фудбалски клуб би било изненадување, па така сосема очекува е трите бодови да останат дома.
Во Тетово ќе се одигра дерби дуел меѓу Тетекс и Гостивар. „Штофарите“ се зацврстени на четвротото место со 31 бод и опстанокот е сигурен, додека пак Гостивар е место подолу со пет бодови помалку, па борбата за трите бодови ќе биде императив со цел гостите да се зацврстат на петото место и да не го доведат во прашање опстанокот.
Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот.