Беса и Охрид во борба за три бодови, дерби меѓу Вардар и Тетекс, Воска домаќин на Гостивар

Денес на теренот во Врапчиште ќе гледаме борба за трите бодови меѓу Беса и Охрид. Меч од исклучителна важност и за двете екипи, особено за охриѓани во борбата за сигурен опстанок во второлигашкото друштво. Беса е во подобра ситуација кога е во прашање опстанокот во однос на Охрид.
Џенгис Реџепи ја прероди Беса и екипата е на добар пат да обезбеди опстанок, а од друга страна Охрид кој во претходното коло го доби дербито со Кораби на „Билјанини Извори“ конечно излез од опасната зона за директно испаѓање и сега е на седмата позиција – место кое гарантира опстанок во Втора лига.
Во Дебар се игра дерби од дното на табелата помеѓу две екипи кои во длабока резултатска криза и на последните пет натпревари впишаа по пет последователни порази – Кораби ќе биде домаќин на Велешта во битката за опстанок во Втора лига.
Кораби во претходното коло загуби во Охрид и падна во зоната за директно испаѓање со што се вжешти борбата за опстанок бидејќи има два бода помалку од Охрид кој е место погоре односно во сигурниот дел од табелата. Велешта е во уште потешка ситуација бидејќи се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со пет бода негатива во однос на седмопласираниот Охрид.
Денес е момент за излез од резултатска криза и за едните и за другите, а останува да видеме кој прв конечно ќе запише триумф или пак бодовите ќе бидат поделени.
Непоразениот лидер Силекс на домашен терен ќе го пречека „фенерџијата“ Кадино испадна од второлигашкото друштво и од следната сезона ќе игра во Трета лига – Север. Кратовци на овој меч ќе важат за апсолутни фаворити за трите бодови и со тоа значително ќе се доближат до остварување на целта – експресен кам-бек во елитата.
Воска Спорт на домашен терен ќе игра исклучително важен меч против Гостивар за зацврстување на второто место кое носи во бараж за Прва лига, но и да продолжи да го следи чекорот на лидерот Силекс. Гостивар на „Билјанини Извори“ ќе истрча силно мотивиран по големата победа над Вардар, но сепак улогата на фаворит ќе ја имаат момците на Раде Цицмиловиќ.
Вардар после поразот во Гостивар значително ги загуби шансите да се надева и на бараж за Прва лига, па веќе денес ќе игра нов дерби меч против разиграниот Тетекс. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб сериозно заостанува зад Воска Спорт и Силекс, а од друга страна Тетекс значително се доближи токму до Вардар.
„Штофарите“ играат одлична сезона и на последните пет натпревари имаат две ремија и три порази, ваквата позитивна серија сакаат да ја продолжат и против Вардар со што во таков случај би имале негатива од само пет бодови во однос на третопласираниот Вардар.
„Вардарци“ двете пресметки со Тетекс ги добија со убедливи резултати. Во Тетово славеа со 0:3, а пак во Скопје со 2:0.
Сите натпревари ќе започнат во 16:00 часот.